Македонија Дали фирмата со скандал за труење ќе ја храни армијата?

Реакција на Министерство за одбрана

Комисијата ќе продолжи со постапката и ќе постапува исклучиво согласно законските правила и прописи.

Реакција на Министерство за одбрана

Во врска со натписот објавен на вашиот портал со наслов: “Дали фирмата со скандал за труење ќе ја храни армијата”
Министерството за одбрана реагира на обидот преку вакви неточни текстови да се влијае на јавна набавка која е во тек и за чие спроведување е задолжена комисија.

Имено, постапката за обезбедување на единечен готвен оброк за потребите на Армијата и министерството е јавна и транспарентна постапка која се спроведува согласно Законот за јавни набавки. Со оглед на тоа дека рокот за доставување на понуди е утре 27.11.2023 година, за кога е закажано и отварањето на доставените понуди и истото ќе се одвива преку електронскиот систем на јавни набавки, невозможно е однапред да се дознаат имињата на понудувачите. Оттука, ваквите натписи ги сметаме за обид за вршење притисок врз членовите на комисијата и целата постапка. Очигледно е дека ваквите натписи се тенденциозни и имаат да цел да нанесат штета на Министерството и да наштетат на оваа јавна набавка, со која за прв пат оброк ќе добијат сите вработени во Армијата и Министерството.

Комисијата ќе продолжи со постапката и ќе постапува исклучиво согласно законските правила и прописи.

Реакција на Министерство за одбрана.

Најнови вести од Македонија

To top