Владата на РСМ одлучи Мирко Велјаноски да го разреши од должноста државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачјето Струга, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата државен правобранител и Јане Јанкуловски од функцијата државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачјето на Скопје, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата државен правобранител.
Македонија
разрешени се поради нестручно и несовесно вршење на функцијата
Разрешени државните правобранители на подрачјата на Скопје и Струга
На предлог на Државниот правобранител, односно Министерството за правда, на денешната седница на Владата на Република Северна Македонија се донесе одлука за разрешување на државните правобранители во подрачјата на Струга и Скопје, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата.