Македонија

Разговор Мицкоски-Мелони на НАТО Самитот

Разговор Мицкоски-Мелони на НАТО Самитот

На маргините на НАТО самитот, македонскиот премиер Христијан Мицкоски оствари разговор со премиерката на Италија, Џорџа Мелони.

-Разговаравме за продлабочена соработка, побарав поддршка од Италија за реализација на стратешкиот интерес за влез на државата во Европската Унија. Разговарав и за можноста за зголемување на економската и трговската размена на двете земји. Мора да се бориме за позициите и државните интереси на секој чекор, истакна Мицкоски.

Мицкоски на Самитот на НАТО во Вашингтон ја предводи македонската делегација во чиј состав се и министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, за одбрана Владо Мисајловски и за внатрешни работи Панче Тошковски.

Најнови вести од Македонија

To top