ВМРО-ДПМНЕ е со двојна предност пред владејачката СДСМ покажува најновата анкета на мерењето на јавното мислење на граѓаните спроведена од Институтот за Политичко Истражување Скопје за потребите на МРТВ кои беа презентирани во емисијата „Објектив“.
На прашањето за која партија ќе гласате на претстојните парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ е во двојна предност пред СДСМ, односно дури 19.4 проценти од граѓаните даваат поддршка за ВМРО-ДПМНЕ, додека за СДСМ само 10 проценти. Трета со поддршка од граѓаните е ДУИ 6.5 проценти, но значителен раст има и Европскиот сојуз за промени со 5.4 проценти, додека ЗНАМ има поддршка од 4.5 проценти, Левица 3.9 проценти, Алијанса на Албанците близу 2 проценти, додека дури 22 проценти од анкетираните граѓани одговориле за ниту една партија, 13.8 проценти не сакаат да кажат, додека не знам или немам одговор дури 11.5 проценти.
Во изборната единица 6, ДУИ има највисока поддршка од 17.9 проценти, но многу блиску или 16 проценти веднаш по него е Европски сојуз за промени, додека од македонскиот блок трета е ВМРО-ДПМНЕ со 8.1 проценти, па Алијанса на Албанците со 7 проценти, а петта со поддршка од граѓаните е владејачката СДСМ со само 4.4 проценти, односно и во оваа изборната единица, ВМРО-ДПМНЕ е со двојна предност пред СДСМ.
Левица со 0.6 проценти, ЗНАМ на Максим Димитриевски е со 0.5 проценти, за ниедна одговориле 20 проценти, не сакале да кажат 17.6 проценти, додека не знам или немам одговор рекле 5.9 проценти.
Понатаму, на прашањето која партија сметате дека ќе победи на следните парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ има предност од речиси три пати повеќе во однос на СДСМ во изборната единица 2.
Имено, 28 проценти од граѓаните одговориле дека сметаат дека ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, додека само 10.3 проценти сметаат дека ќе победи СДСМ. Трета е ДУИ од албанскиот блок со 8.9 проценти. ЕСП 4.6 проценти, и ЗНАМ со 4 проценти. За Левица сметаат само 3.4 проценти, за АА само 2.8 проценти, за ниедна одговориле 9 проценти, не сака да каже 3.8 проценти додека 24.4 проценти од испитаниците не сакале да одговорат.
Во изборната едница 6, 18.2 проценти сметаа дека на следните парламентарни избори ќе победи ДУИ, веднаш или со 16.8 проценти од анкетираните граѓани сметаат дека ќе победи ЕСП, додека за АА сметаат само 6.2 проценти. ВМРО-ДПМНЕ е трета со 10.6 проценти, или четири пати повеќе во споредба со владејачката СДСМ за која само 2.6 проценти се изјасниле дека сметаат дека ќе победи.
За Левица и ЗНАМ сметаат 1 процент, додека за ниту една партија не сметаат дека ќе победи одговориле 10.7 проценти.
Со да сигурно ќе излезат одговориле 42.2 проценти од анкетираните граѓани на прашањето доколку следната недела има парламентарни избори дали ќе излезете на гласање. Веројатно да 9.5 проценти, веројатно не 6.2, нема шанса да гласам 25.3 проценти, и немам одговор 16.8 проценти, рекле испитаниците.
На истото прашање во изборната единица 6 на истото прашање, 32.9 проценти одговориле да сигурно ќе гласам, со 15.2 проценти одговориле веројатно да, додека негативно односно веројатно не одговориле 11.8 проценти, како и 17.7 проценти одговориле нема шанса да гласам. И овде има висок процент односно 22.5 проценти рекле дека немаат одговор или не знаеле.
Анкетата е спроведена телефонски во изборната единица 2 на 1002 испитаници, додека во изборната единица 6 анкетата е спроведена на 1001 граѓанин со маркирана грешка од плус минус 3 проценти.