Точно на полноќ се роди првото бебе за оваа година на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.
Бебето е машко, тежи 3.760 грама, а долго е 52 сантиметри.
Од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство објавија дека 34-годишната Наташа Стефковска од Скопје го родила бебето по природен пат.
Во првите 15 минути од Новата година на ГАК се родиле три бебиња.