Македонија бебе

Прво женско бебе е родено во 2024 година во Тетово

Во Тетово во новата 2024 година, пет минути после полноќ е родено првото бебе во гинеколошкиот оддел при Клиничката болни. Женското бебе е прво дете во семејството Мисими, а е родено со тежина од 3,5 килограми.

-Првото родено бебе е женско, породено со операција царски рез. Тоа е прво дете во семејството на семејството Мисими и родилката Јасмине. Родено е со 3,5 килограми. Оперативниот зафат го направи дежурниот гинеколог д-р Љуљета Муљаки. И мајката и бебето се чувствуваат добро, им посакувам живот полн со здравје, среќа и успеси, информираше д-р Мерал Реџепи.

Во гинеколошкиот оддел при Клиничката болница во ноќната смена се родиле уште две деца. Машко бебе околу 4 часот и женско бебе околу 6 часот.

Во посета на првороденото бебе и мајката околу 10 часот бил и градоначалникот Биљал Касами. Градоначалникот заедно со претседателот на Советот Бесар Дурмиши пред полноќ ги посети пожарникарите и полицајците кои беа дежурни во текот на новогодишната ноќ.

Најнови вести од Македонија

To top