Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денес оствари проштална средба со амбасадорот на Република Полска Н.Е. Кшиштоф Гжелчик.
На средбата, министерот Муцунски се заблагодари за целокупниот ангажман и активен придонес во насока на јакнење на односите меѓу двете земји. Воедно, ја истакна важноста која земјава ја дава на развивањето и негувањето на севкупните односи и соработка со Полска, кои се потпираат на длабоко пријателство и споделени вредности.
Воедно, Министерот се заблагодари за принципиелната и силна полска поддршка на нашата интеграција во ЕУ, како на билатерално ниво, така и преку Вишеградската група, и ја нагласи посветеноста на новата Влада за продолжување на европскиот пат, преку исполнување активна агенда на реформи на домашен план и одговорно дејствување на меѓународен план.
Двете страни, како сојузници во рамки на НАТО Алијансата ја нагласија одличната по однос сите клучни теми, притоа беше потврдена подготвеноста за натамошна координација и соработка во контекст на претстојниот јубилеен Самит на НАТО во Вашингтон.
Министерот го запозна Амбасадорот со приоритетите на новата Влада, со фокус на нашиот интерес за продлабочување на економската соработка и привлекувањето нови полски инвестиции во нашата земја.