Македонија

Пронајдено семејство од Турција: Пријавиле дека се изгубиле патувајќи од Кичево кон Дебар

Пронајдено семејство од Турција: Пријавиле дека се изгубиле патувајќи од Кичево кон Дебар

Брачна двојка и нивната малолетна ќерка, сите од Република Турција, вчера вечерта околу 23:30 часот биле пронајдени во координирана акција на полициските службеници од ОВР Дебар и ОВР Кичево.

Семејството, како што информира МВР, било пронајдено на стариот пат Кичево-Дебар, кај месноста „Лопушник“.

-Тие претходно околу 21.00 часот, пријавиле дека со својот автомобил „шкода“, патувајќи од Кичево кон Дебар, се изгубиле низ шумските патишта, истакнуваат од полицијата.

Сите тројца биле во добра здравствена состојба.

Најнови вести од Македонија

To top