Македонија временска прогноза

Променливо време со слаб ветер, утре најави за снег

Утринските температури ќе се движат од 1 до 7 степени, а дневните ќе бидат до максимални 16 степени.

Променливо време со слаб ветер, утре најави за снег

Променливо облачно по одделни котлини со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта во северозападните делови ќе има врнежи од дожд.

Утринските температури ќе се движат од 1 до 7 степени, а дневните ќе бидат до максимални 16 степени.

Во Скопје претежно облачно со појава на магла и со слаб ветер од јужен правец. Максимална дневна температура од 11 степени.

Утре ќе има значителна промена на времето со врнежи, кои на места ќе бидат пообилни (над 25 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот врнежите од дожд ќе преминат во снег и во пониските места. На планините ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка. За време на викендот ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, а температурите значително ќе се намалат и ќе се задржат ниски до средината на следната седмица.

Најнови вести од Македонија

To top