Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, a долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од минус еден до шест, а максималната ќе достигне од четири до 12 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до четири, а максималната ќе достигне до десет степени.
За време на викендот ќе дува засилен ветер од северен правец, а денеска ќе има услови за провејување на слаб снег. Од недела следува период на стабилно време со високи дневни температури.