Променливо облачно, претпладне со услови за локален дожд, особено во југоисточните делови. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринските температури ќе се движат од 3 до 10, а дневните ќе достигнат максимални 13 степени.
Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Максималната дневна температура ќе достигне 12 степени.
До петок ќе преовладува променливо облачно време, по одделни котлини со појава на магла. Под влијание на влажен и студен бран во сабота ќе има значителна промена на времето со пообилни врнежи, кои во текот на денот во поголем дел од земјата ќе преминуваат во снег и во пониските места. На планините ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка. Ќе дува засилен северен ветер, а температурите од недела значително ќе се намалат.