Македонија Мисајловски за Силјановска Давкова

Професорката ќе биде идната претседателка, граѓанинте да бидат спокојни бидејќи таа ќе се бори за сите

Кога беше најтешко за ВМРО-ДПМНЕ и за Македонија, многумина молчеа, но професорката беше бедем и застана во првите редови за борба за Македонија.

Професорката ќе биде идната претседателка, граѓанинте да бидат спокојни бидејќи таа ќе се бори за сите

За разлика од Стево Пендаровски, професорката Гордана Силјановска Давкова е човек легалист, експерт во својата област и секогаш го кажува она што го мисли, но најважно од се го кажува со аргументи и факти. А, секогаш кога имате аргументи и факти секогаш ќе победите, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 2 Владо Мисајловски, во Отвореното студио пред започнување на големиот народен митинг пред Влада на Република Македонија.

-Кога беше најтешко за ВМРО-ДПМНЕ и за Македонија, многумина молчеа, но професорката беше бедем и застана во првите редови за борба за Македонија. За неколку недели од сега Силјановска Давкова ќе биде идната претседателка, а секој граѓанин треба да биде спокоен дека ќе се бори за Македонците, за сите етникуми и ќе се бори за Македонците внатре во Македонија, но и за сите што се надвор од државата, потенцира Мисајловски.

To top