Македонија примени четири приватни специјализанти

Проф. д-р Стојковски за МИА: Двојно зголемен буџетoт на Онкологија, во оптек седум нови лека

Посочува дека со последниот буџет е обезбедена достапност и на седум нови лека за третман на меланом, на дојка, на бели дробови, на мочен меур и на простата. Некои од овие лекови, потенцира, се достапни во Македонија и пред да бидат достапни во земјите од нашето соседство, така што сме сигурни дека пациентите се третираат со најсовремена иновативна терапија според современите светските протоколи за третман.

Проф. д-р Стојковски за МИА: Двојно зголемен буџетoт на Онкологија, во оптек седум нови лека

Директорот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, проф.д-р Игор Стојковски во интервју за МИА истакнува дека двојно зголемен е условниот буџет на Клиниката за радиотерапија и онкологија за иновативни лекови oдносно за биолошка терапија.

Посочува дека со последниот буџет е обезбедена достапност и на седум нови лека за третман на меланом, на дојка, на бели дробови, на мочен меур и на простата. Некои од овие лекови, потенцира, се достапни во Македонија и пред да бидат достапни во земјите од нашето соседство, така што сме сигурни дека пациентите се третираат со најсовремена иновативна терапија според современите светските протоколи за третман.

– При крај е административната постапка за поставување група на лекови, инхибитори на ароматазата (анастрозол и летрозол), на позитивната листа А – така што очекуваме наскоро дека оваа група на лекови ќе може да се издава на рецепт во аптеките во местото на живеење на пациентите, нагласува проф.д-р Стојковски.

Во врска со кадровскиот капацитет, вели дека пред неколку недели на Клиниката се примени четири приватни специјализанти (два специјализанти од областа на радиотерапија и онкологија и два од областа на патологијата) и по подолго време кадровски се зајакнал капацитетот на Клиниката.

– Клиниката има потреба од зголемување на персоналот од сите профили и тоа медицински сестри, радиолошки технолози, медицински физичари, болничари, административен кадар итн. Активно работиме и на реконструкција на одредени делови од Клиниката, со план некои од амбулантите и биохемиската лабораторија да бидат префрлени во пофункционални простории каде нема да се создава голема гужва, нагласува директорот на Клиниката, проф.д-р Стојковски Игор.

ИЗВОР: МИА

To top