Македонија во тек нова акција

Приведени Папазов и двајца екс градоначалници на Кочани

Акцијата за приведување лица за кои постои сомнение за инволвираност ќе трае во текот на ноќта, а повеќе информации обвинителството ќе соопшти по завршување на акцијата во текот на утрешниот ден.

Приведени Папазов и двајца екс градоначалници на Кочани

Николчо Илиев, Ратко Димитровски и Љупчо Папазов, сите поранешни градоначалници на Општина Кочани, се приведени попладнево, неофицијално велат за Курир полициски извори.

Од МВР за Курир кусо информираат дека во моментов спроведуваат акција по наредба на ОЈО Кочани.

Од Обвиннителството информираат дека во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани, а во врска со постапката за пожарот во клубот “Пулс”.

Акцијата за приведување лица за кои постои сомнение за инволвираност ќе трае во текот на ноќта, а повеќе информации обвинителството ќе соопшти по завршување на акцијата во текот на утрешниот ден.

Папазов е градоначалник во оставка, кој се повлече од функцијата по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во кој животот го загубија 59 лица.

Димитровски ја раководеше општината во период од 2009-2017 година, а негов наследник беше Илиев во период од 2017-2021 година.

Најнови вести од Македонија

To top