Македонија

Приштина блесна, Скопје згасна: Дечињата лишени од новогодишна магија во македонската метропола (ГАЛЕРИЈА)

Засега, ако сакаме да сведочиме на новогодишна магија ни останува да ги погледнеме главните градови на околните земји.

Приштина блесна, Скопје згасна: Дечињата лишени од новогодишна магија во македонската метропола (ГАЛЕРИЈА)

Месец декември започна, новогодишните празници се ближат, а тоа на ѐБалканот само во Скопје едвај може да се забележи. Не е прв пат и не дека нè изненади, но скопјани и оваа година се лишени од новогодишна магија. Ние, возрасните можеби и ќе го игнорираме тој факт, но дечињата ќе останат без спомените кои ние ги имавме како деца од убавиот украсен плоштад.

Додека чекаме некој да се сети дека Скопје треба да блесне во новогодишно руво, ударна вест во медиумите на тема македонската метропола е загадениот воздух.

И не, не е доволно што се постави елка и што се местат тезгите кои ги отстранија пред неколку месеци.

Засега, ако сакаме да сведочиме на новогодишна магија ни останува да ги погледнеме главните градови на околните земји. Во споредба со нив, Скопје навистина е за греота. Со него и ние…

КУРИР дојде до фотографии од магично украсената Приштина. Вакви сцени од Скопје, додека е под ова раководство, сигурно нема да сме во можност да видиме.

 

Најнови вести од Македонија

To top