Македонија Општина Прилеп

Прилепска празнична приказна

Украсен со љубов и внимание, го започнуваме периодот што сите не спојува и потсетува колку е убаво да славиме заедно.

Прилепска празнична приказна

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, објави видео на својот Фејзбук профил каде го прикажа украсувањето на градот во очекување на новата година.

– Во најубавиот период од годината, Прилеп ќе биде град на светлина, музика и многу забава и изненадувања. Со Прилепската празнична приказна и Новогодишниот базар, Прилеп го добива она што го заслужува! Празници со душа, радост за сите генерации и најубавата празнична приказна во Македонија! Приказна што ќе ја пишуваме заедно и ќе ја пееме заедно оваа специјална песна посветена на Прилеп!, напиша Проданоски.

To top