Македонија почитувајте ги законските прописи

Превентивни активности на МВР за побезбеден сообраќај

Во текот на вчерашниот ден (23.01.2024) беа реализирани превентивни активности во рамки на Секторите за внатрешни работи Велес, Штип и Битола, при што акцентот на реализираните превентивни содржини беше сообраќајната безбедност.

Превентивни активности на МВР за побезбеден сообраќај

Така, на регионалниот пат Неготино-Кавадарци беше реализирана превентивната активност под мотото „Биди подготвен за патување во зима“, додека пак во Пехчево во соработка со комуналните служби од општина Пехчево полициски службеници ја реализираа превентивната активност под мотото -„Паркирај совесно и одговорно“. На подрачјето пак на СВР Битола односно во Битола, Прилеп, Ресен, Крушево, Демир Хисар и Македонски Брод на возачите им беше укажувано за потребата од доследно почитување на законските прописи од областа на сообраќајот, пред се околу користење на зимска опрема, заштитните појаси, прилагодување на брзината на движење спрема условите на патот и секако околу опасностите од возење под дејство на алкохол. Во текот на сите овие активности на возачите им беа делени соодветни едукативни печатени материјали изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Инаку вчера, во Битола полициски службеници од СВР Битола реализираа средби со граѓаните во централното градско подрачје како и со бизнис заедницата каде што на граѓаните и сопствениците на колонијални продавници, бутици, трафики им беа поделени совети и препораки за заштита од имотни деликти.

To top