Македонија

Претседателството на ДУИ ќе одржи состанок

Претседателството на ДУИ ќе одржи состанок

Претседателството на ДУИ денеска ќе одржи состанок.

Како што информираат од партијата, состанокот е закажан во 14 часот во седиштето на партијата во Тетово.

Состанокот следува откако Управниот суд синоќа ги одби како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласување на парламентарните избори 2024.

Со одлуките на Управниот суд се потврдуваат решенијата на ДИК за прегласување во шест избирачки места во петтата изборна единица и едно во шестата изборна единица.

Најнови вести од Македонија

To top