Македонија Министерот лично ќе се заложи за поддршка и помош

Претседателот на здружението „Херои на Македонија“ му се заблагодари на Мисајловски- се оддава почит на бранителите

Претседателот на здружението „Херои на Македонија“ му се заблагодари на Мисајловски- се оддава почит на бранителите

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска оствари средба со семејства на загинати бранители и со претставници од Здружението на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили на државава, „Херои на Македонија 2001-2015“. Како што попладнево информираат од Министерството за одбрана, состанокот се одржал во Домот на Армијата во Скопје.

Претседателот на здружението „Херои на Македонија“, Владо Стојановски, се заблагодари за организацијата на настанот, каде отворено се дискутираше за предизвиците со што секојдневно се соочуваат семејствата, а со тоа се оддава почит на бранителите, се додава во соопштението на Министерството за одбрана.

За време на средбата, каде се разговараше за прашања што се од особена важност за семејствата на загинатите бранители, министерот Мисајловски истакна дека грижата за семејствата на бранителите ќе продолжи и дека со заедничка соработка со Здружението „Херои на Македонија 2001-2015“, достојно ќе се негува и чува споменот на македонските херои.

Тој кажал дека ги почитува сите нив и „она што македонските херои го оставиле за Македонија, секогаш треба да остане во срцата на сите нас“.

Мисајловски додал дека во рамки на законските можности, лично ќе се заложи за поддршка и помош на секое семејство.

Најнови вести од Македонија

To top