Македонија ДОЖД

Претпладне променливо облачно време со магла, попладне дожд

Во Скопје променливо облачно, претпладне со слаба магла, а попладне и во вечерните часови со повремен дожд.

Претпладне променливо облачно време со магла, попладне дожд

Претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со утринска магла по одделни котлини. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен, а попладне долж Повардарието од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со слаба магла, а попладне и во вечерните часови со повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Во четврток ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Во петок ќе дува засилен јужен ветер, а попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, пообилни во ноќните часови. Во сабота врнежите ќе бидат локални, а на планините ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата. (МИА)

Најнови вести од Македонија

To top