Македонија Собраниска комисија за политички систем

Пренџов: Законот за јавното обвинителство важно е да се носи со консензус, инклузивност и јавност

Утре е второто читање на овој закон. Од она што можев првично да го видам, по текот на денешниот ден имаме координација, но има амандмани кои што се прифатливи и тоа е добро, бидејќи процесот на инклузија мора да биде приоритет за овие законски решенија. Ние можеме да се делиме на повеќе работи, можеме да имаме различни политички ставови и гледање на работите, но кога се работи за закони како за Јавното обвинителство, кога се работи за судството, за надворешната политика, ние мораме како држава да имаме унисон став, ние мораме да го градиме низ инклузивен процес, а јавната расправа, впрочем, е тоа, рече Пренџов.

Пренџов: Законот за јавното обвинителство важно е да се носи со консензус, инклузивност и јавност

Претседателот на Комисијата за политички систем, Љупчо Пренџов, денес искажа благодарност за политички партии и до медиумите, затоа што вели дека смета дека е многу важно да се носи Законот за јавното обвинителство со консензус, со инклузивност и пред се со јавност.

-Драго ми е тоа што оваа верзија на Законот за јавното обвинителство е од април 2025 година ставена на ЕНЕР на Влада, а од февруари месец оваа година е во Собраниска процедура каде што ги почитуваме сите рокови, но исто времено направивме и јавна расправа бидејќи е Законот од реформската агенда, бидејќи е Законот со кој што се доближуваме, чекор поблиску до остварување на таа реформска агенда и до Европската Унија. Тоа е добро за Република Македонија и се надевам дека овој начин на носење на закони, оваа транспарентност, ќе биде минимум услов за некој следен Собраниски состав кога ќе носи некој следен Закон за јавно обвинителство. Во текот на вчерашниот ден беа поканети многу невладини организации кои што ја обработуваат темата како правосудство, беа поканети професори, беа поканети јавни обвинители, беа поканети суди и адвокати, и ние како пратеници имавме можност да ги слушнеме сите предлози и сите забелешки од различните страни, вклучени во процесот каде што „Лекс Специалис“ и „Лекс Генералис“ претставува Законот за јавното обвинителство, вели Пренџов.

Пренџов информираше дека по текот на вчерашниот ден, после завршување на јавната расправа, имале поднесено 13 амандмани од ДУИ, 10 амандмани од СДСМ и 4 амандмани од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, и истовремено има најава, дека ќе има и комисиски амандмани на самата седница.

-Утре е второто читање на овој закон. Од она што можев првично да го видам, по текот на денешниот ден имаме координација, но има амандмани кои што се прифатливи и тоа е добро, бидејќи процесот на инклузија мора да биде приоритет за овие законски решенија. Ние можеме да се делиме на повеќе работи, можеме да имаме различни политички ставови и гледање на работите, но кога се работи за закони како за Јавното обвинителство, кога се работи за судството, за надворешната политика, ние мораме како држава да имаме унисон став, ние мораме да го градиме низ инклузивен процес, а јавната расправа, впрочем, е тоа. Благодарен на сите оние кои што беа директно или индиректно вклучени, и сметам дека во едниот период, како што имавме претходно јавна расправа за Законите за јавната администрација, имавме јавна расправа во Комисијата за Законот за кривична постапка и во идниот период ќе продолжиме со овие јавни расправи, бидејќи добрите законски решенија ги носиме пред се заради нас, но и заради остварување на реформите и заради добивањето на потребните оценки на страна на оние кои што не оценуваат, а тоа е Европската Унија, рече Пренџов.

Најнови вести од Македонија

To top