Македонија Поставување на камен темелник на дом за стари лица

Премиерот Мицкоски утре во посета на општина Зрновци

Премиерот Христијан Мицкоски утре ќе ја посети општина Зрновци, информираат од прес службата на владата.

Премиерот Мицкоски утре во посета на општина Зрновци

Премиерот Христијан Мицкоски утре ќе ја посети општина Зрновци, информираат од прес службата на владата.

-Ве известуваме дека утре 21.09.2025 година (недела) во 12:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник на Дом за стари лица во Општина Зрновци.

Квадратура на објект според проект 1.600 метри квадрати, а капацитет на домот е за 64 легла.

Ова е приватна инвестиција на компанија Еко Пак Хит – Кочани, додека пак Општина Зрновци ја има спроведено комплетна процедура за добивање позитивно мислење од Владата за отуѓување на градежното земјиште.

Проектот претставува витален проект од регионален карактер, водејќи сметка за социјалната заштита за нашите највозрасни жители.

Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски, се вели во соопштението од прес службата на владата.

To top