Утре, 17 ноември 2025 година (понеделник), во 11:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на поставување камен-темелник за изградба на нова детска градинка во општина Гази Баба, информираат од прес службата на владата.
Настанот ќе се одржи во близина на салонот за „Мерцедес“, спроти Универзитетот ФОН.
Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите.