Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“.
-Денеска со почеток од 12:00 часот претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“, во организација на стопанската комора на Македонија-Турција (МАТО), во хотел Хилтон, Скопје информираат од прес-центарот на Владата.