Во синоќешната емисија „Објектив“ на МРТ 1 беше презентирана анкета за претстојните претседателски избори.
Анкетата е спроведена телефонски од страна на ИПИС за потребите на МРТ 1 телевизија со број на испитаници од ИЕ 1 – 1011 и во ИЕ 5 со 1018 со маргина на грешка +/-3 проценти.
На прашањето за кого ќе гласате на претстојните претседателски избори анкетираните во Изборната единица 1 во јануари рекле дека за Гордана Силјановска Давкова ќе гласаат 19,4%, во февруари 22,4%, во март 25,5%.
За Стево Пендаровски во јануари се изјасниле 9.7%, во февруари 11.2%, во март 14,2%. За Бујар Османи во јануари се изјасниле 6,6%, во февруари 6,6%, во март 7%. За Арбен Таравари во јануари се изјасниле 4,4%, во февруари 5,4%, во март 6,5%. За Билјана Ванковска во јануари се изјасниле 4,3%, во февруари 4,8%, во март 4,5%. За Максим Димитриевски во јануари се изјасниле 3,6%, во февруари 3.8%, во март 4,5%. За Стевче Јакимовски во јануари 0%, во февруари 1%, во март 1,4%. За ниеден во јануари 16%, во февруари 12,2%, во март 12,6%, не знам / нема одговор во јануари 14,3%, во февруари 12,5%, во март 8,2%. Не сака да каже во јануари 12,8%, во февруари 18,9%, во март 15,4%.
На прашањето за кого ќе гласате на претстојните претседателски избори анкетираните во Изборната единица 5 во јануари рекле дека за Гордана Силјановска Давкова ќе гласаат 20,1%, во февруари 22,6%, во март 25,5%.
За Стево Пендаровски во јануари рекле дека ќе гласаат за 14,3%, во февруари 14%, во март 15,7%. За Бујар Османи во јануари 6,9%, во февруари 6,8%, во март 8,6%. За Билјана Ванковска во јануари 3,4%, во февруари 3,5%, во март 3,2%.
За Максим Димитриевски во јануари 2,4%, во февруари 2,9%, во март 4,5%. За Арбен Таравари во јануари 2,1%, во февруари 3%, во март 4,1%. За Стевче Јакимовски во јануари 0%, во февруари 0%, во март 1,2%. Не знам / нема одговор во јануари 15,1%, во февруари 10%, во март 11,4%. Ниеден во јануари 14,2%, во февруари 12,8%, во март 9,5%. Не сака да каже во јануари 8,6%, во февруари 12,2%, во март 16,1%.