ЦУК извести дека вчера во 17:06 часот, преку брјот 112 имало пријава за одрон на пат.
„Конкретно е добиена пријава од лице кое патувало од Скопје кон Велес, дека пред патарината кај Велес камион – цистерна удрил на карпите и има одрони на пат, што претставуваат опасност. За ова веднаш известена ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта за нивна понатамошна постапка, по што е и постапено“, извести ЦУК.