Македонија

ПРАТЕНИЦИ, ГРАДОНАЧАЛНИЦИ, СОВЕТНИЦИ: Фуккционерите и членовите на ВМРО-ДПМНЕ се вклучија во хуманитарната акција на УМС „Важно е! Донирај, Подари радост“

ПРАТЕНИЦИ, ГРАДОНАЧАЛНИЦИ, СОВЕТНИЦИ: Фуккционерите и членовите на ВМРО-ДПМНЕ се вклучија во хуманитарната акција на УМС „Важно е! Донирај, Подари радост“

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, како УМС Аеродром оваа недела земавме активно учество во реализација на иницијативата од страна на Градскиот Комитет на УМС под мотото ,,Донирај – подари радост!”

Од мое лично име и од името на сите членови на УМС Аеродром, сакам да искажам особена благодарност најпрво до сите граѓани на Аеродром кои со својата донација дадоа свој придонес за поддршка и помош на социјално најранливите категории на граѓани.

Исто така сакам да им се заблагодарам и на сите носители на јавни и партиски функции кои се приклучија на оваа акција.
Среќни новогодишни и божиќни празници.

Во овие празнични денови треба да не води мислата дека само споделената радост е вистинска радост.

Сиромаштијата вртоглаво расте, се поголем број на луѓе живеат со помалку од 80 денари на ден.

Јас се приклучив на акцијата на УМС на ВМРО-ДПМНЕ,

Важно е! Донирај, Подари радост.

Ќе ги забележите младите пред маркетите, на обележан штанд, слободно побарајте лист со потребните намирници, имаат и торбички за пакување, а потоа… Кој колку може, од ❤️.

Да помогнеме кој колку може, затоа што, ќе повторам, само споделената радост е вистинска радост.

И мора да нагласам: Браво за УМС.

Со задоволство се приклучив на акцијата на Градски комитет на УМС ВМРО-ДПМНЕ Скопје и Умс Ѓорче Петров – Донирај, подари радост!

Приклучете се и вие на хуманитарната акција и донесете среќа во нечиј дом!

Градскиот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ја спроведува една од најубавите предновогодишни активности – #ВажноЕ – Донирај подари радост!

Младите ја започнаа оваа хуманитарна акција за да се помогне онаму каде што е најпотребно.

Ги повикувам сите граѓани, кој со колку може, да се приклучат на оваа акција која ќе донесе среќа во многу домови за време на овие празнични денови.

Со задоволство се приклучив на акцијата на Градски комитет на УМС ВМРО-ДПМНЕ Скопје и Умс Кисела Вода насловена – Донирај, подари радост!

Упатувам повик за што повеќе ѓраѓани да се приклучат на хуманитарната акција и сите заедно да донесеме среќа во нечиј дом!

Хуманоста и солидарноста се одлика на членовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Вечерва со задоволство дадов придонес во акцијата ,,Важно е! Донирај, подари радост!” за помош на социјално ранливите граѓани, организирана од Градскиот комитет на УМС – Скопје.

Заеднички да помогнеме онаму каде што е најпотребно.

Меѓусебната поддршка и грижа се најблагордните работи кои ние луѓето можеме да ги направиме едни за други и на тој начин во пресрет на празниците да подариме радост и среќа.

Ми претставуваше задоволство со донација од производи да се вклучам во акцијата иницирана од страна на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, во чии рамки деновиве се организираа хуманитарни штандови на повеќе локации, на кои граѓаните имаа можност да донираат намирници за социјално загрозени семејства.

Ја поздравувам оваа иницијатива, ги охрабрувам и поттикнувам сите граѓани, јавни личности, но и општествено-одговорни компании и поединци, да одвојат дел од своето време и да дадат придонес некому да го разубавиме празничниот период.

Важно е да помогнеме таму каде што е најпотребно!

Денес се приклучив на акцијата ,,Важно е! Донирај, подари радост!” организирана од Градскиот комитет на УМС – Скопје. Приклучете се и вие!

#донирајподарирадост

Со големо задоволство се приклучив на хуманитарната акција на Градски комитет на УМС ВМРО-ДПМНЕ Скопје под назив “Донирај, подари радост”.

Предновогодишните денови се убава можност некому да му ги разубавиме празничните денови и да покажеме емпатија и внимание.

Големо браво за овие млади луѓе кои ја покренаа оваа иницијатива.

Денеска се приклучив во хуманитарната акција која ја организира Градскиот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ!

Чест и задоволство мие на поканата и да помогнеме онаму каде е најпотребно.

Мал придонес за таму каде што е најпотребно!

Со задоволство се приклучив на хуманитарната акција организирана од Градскиот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ!

Најнови вести од Македонија

To top