Македонија цук

ПОЖАРИТЕ ЗАФАТИЈА СЕЛА: Маж почина од задушување во кумановско, сопругата евакуирана

ПОЖАРИТЕ ЗАФАТИЈА СЕЛА: Маж почина од задушување во кумановско, сопругата евакуирана

Пожари на отворено во непосредна близина на три села во кумановско се регистрирани попладнево.

За жал, Македонија ја бележи и првата жртва. Како што информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов попладнево починато е повозрасно машко лице во кумановското село Кокошиње.

Човекот најверојатно починал како последица од задушување. Неговата сопруга е евакуирана.

Попладнево појавени се над 15 пожари на отворено кои се шират со голема брзина и зафатија 12 села. Дел од нив се напуштени, дел од малку жители.

Во зафатените села изгорени се повеќе куќи и викендици.

Ангелов нагласува дека во моментов активни се околу 20 пожари.

Најнови вести од Македонија

To top