Македонија најалку 20 пожарникари на терен

Пожар во кругот Вардариште, превентивно исклучена струјата во општина Аеродром

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), поради опасноста од зафаќање на трафостаница и електрични водови, превентивно струјата е исклучена и поради тоа поголемиот дел од Општината Аеродром е без електрична енергија.

Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) информира дека денеска од околу 12:00 часот во кругот на поранешната депонија Вардариште на поголема неутврдена површина гаснат запалена сува трева и отпаден материјал.

Во моментов во гаснењето учествуваат седум противпожарни возила и најмалку 20-тина пожарникари.

To top