Македонија МАЕИ

Повик до Македонците од Албанија, кои живеат надвор од државата, да се регистрираат за гласање на изборите и да го поддржат македонскиот глас

Аплицирањето за остварување правото на глас на албанската дијаспора почна на 11 овој месец и ќе трае до 4 март.

Повик до Македонците од Албанија, кои живеат надвор од државата, да се регистрираат за гласање на изборите и да го поддржат македонскиот глас

Единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) упати повик до Македонците кои живеат надвор од границите на Албанија да го искористат своето право на глас и да го поддржат македонскиот глас на парламанетарните избори што ќе с еодржат на 11 мај.

-Вашиот глас е клучен за зајакнување на македонската заедница во Албанија и за поддршка на политичката програма на МАЕИ, која се залага за заштита на македонскиот идентитет, култура и права. Со секој ваш глас, ја гарантирате иднината на Македонците во Албанија и го продолжуваме нашето заедничко патување кон европска интеграција. Не дозволувајте вашиот глас да остане неслушнат! Регистрирајте се и гласајте за Македонска алијанса за европска интеграција – вашата сила за посветла иднина, повикува МАЕИ.

Исто така во повикот стои дека овие избори за првпат имаат можност да гласат од странство преку пошта.

-Процесот на регистрација за гласање е веќе отворен и се врши преку Националната платформа на Централната изборна комисија. За регистрацијата ви е потребен електронски уред (паметен телефон, лаптоп, компјутер со предна камера) за верификација преку фотографирање на лицето за регистрација и скенирање (фотографирање) на идентификацискиот документ и другиот документ за потврда на адресата, стои во повикот на партијата, во кој детално се објаснува начинот на аплицирање.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Аплицирањето за остварување правото на глас на албанската дијаспора почна на 11 овој месец и ќе трае до 4 март. Посебна комисија, која работи 24/7 ги разгледува пријавите и во рок од пет дена апликантот добива одговор дали е прифатена или одбиена. До вчера за гласање се пријавиле 14 261, а прифатени се барањата на 2 352 лица.

Најнови вести од Македонија

To top