Македонија ЦУК

Последното деноноќие најголем дел од повиците на 112 упатени кон полицијата

Од Центарот додаваат дека се уште има пожари на отворено и истакнуваат дека во последното деноноќие пожарникарите од Скопје, Прилеп и Велес интервенирале на најмалку три такви пожари.

Последното деноноќие најголем дел од повиците на 112 упатени кон полицијата

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) имало вкупно 2.049 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во последното деноноќие. Од нив, како што нагласуваат од ЦУК, „реални“ повици биле 36,02 отсто, а 63,98 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Најголем дел од повиците биле упатени кон полицијата.

-Инаку, согласно генералната природа на настаните за коишто граѓаните се јавувале, кон полиција биле упатени 65,41 отсто, кон Итната медицинска помош 29,45, а кон пожарникарите 3,42 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК. Повици за итни случаи на 112, што се за комбинирано решавање кон ЦУК, имало 1,71проценти од реалните. Тие повици, заедно со другите („неитни повици“) – 36,28 проценти, вкупно 1.316 заедно, биле предмет на примање и обработка во ЦУК, преку дежурните оперативци во Секторот Е-112, во содејство со Секторот за операции и координација, секако со стандардните оперативни процедури во координација со институциите во Системот за управување со кризи (СУК), информираат денеска од ЦУК.

Од Центарот додаваат дека се уште има пожари на отворено и истакнуваат дека во последното деноноќие пожарникарите од Скопје, Прилеп и Велес интервенирале на најмалку три такви пожари.

-Гаснеле запалена ниска вегетација село Бучинци, во Скопско, при што била зафатена површина од 1.000 m2 и имале уште 5 помали интервенции. Интервенирале на пожар на отворен простор на запалени дрвја (појас околу 500 m) на патниот правец Битола – Прилеп кај село Тополчани. Во изминатото деноноќие прилепские пожарникари имале уште една помала интервенција. Пожарникарите од Велес гаснеле пожар кај Ораовдол, блиску кај рудникот кај месноста кон Кадиица и го изгаснале до 18:30 часот, велат од Центарот за управување со кризи.

ОД ЦУК апелираат да не се палат стрништа на нивите, потоа, пластични и гумирани работи, отпадоци и секако депонии на отворено, особено, како што велат, во овој период на загаден воздух во Скопје, а и во други градови во нашата држава.

To top