Македонија НОВО ПОСКАПУВАЊЕ

Поскапеа дел од цигарите, еве кои брендови имаат повисоки цени

Се работи за поскапување од 10 денари

Поскапеа дел од цигарите, еве кои брендови имаат повисоки цени

Дел од цигарите во Македонија веќе поскапеа иако од Министерството за финансии, изјавија дека наместо од 1 ноември, поскапување ќе има на 1 јануари наредната година.

Како што објави еМагазин, се работи за поскапување од 10 денари и тоа за цигари кои ги произведува Империал Тобако Тутунски комбинат Скопје, поточно брендовите Вест, Бос, Давидов, Родео, Жаде, а истото го потврдија од маркетите за веб порталот.

To top