Македонија УХМР

Поради најавените врнежи, можни зголемувања на водостоите и комунални проблеми во градските средини

Поради најавените врнежи, можни зголемувања на водостоите и комунални проблеми во градските средини

Интензивни зголемувања на речните водостои и локални комунални проблеми во градските урбани средини може да предизвикаат најавените врнежи кои попладне, според прогнозите, на повеќе места ќе бидат поројни, предупредува УХМР и додава дека посебно треба да се обрне внимание на скопскиот, кумановскиот, кривопаланечкиот, кратовскиот и тетовскиот регион.

УХМР препорачува внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците, како и претпазливост на оние места каде се очекуваат поинтезивни врнежи од дожд.

-Согласно најавата дека попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а на повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд (над 30 l/m2), доколку процесите бидат интензивни и доколку на одредени места локално за кратко време навранат поголеми количини дожд, можно е да дојде до забрзано зголемување на водостојот на малите реки и суводолиците, каде на одредени локации е можно да се јават локални проблеми. Доколку се јават овие интензивни врнежи, можни се и локални комунални проблеми во градските урбани средини, наведува УХМР.

To top