Како што информираат од Меѓународниот аеродром во Скопје, утринскиот лет од/до Истанбул на „Turkish Airlines“ беше откажан, но за денеска беше најавен дополнителен лет (време на пристигнување во 15:20 часот, време на полетување во 16:05 часот од скопскиот аеродром).
Двата лета на авиокомпанијата „Wizz Air“ (Дортмунд и Малпенса) биле пренасочени кон аеродромот во Приштина.
Летот од Љубљана на „Wizz Air“, пак, бил пренасочен кон Софија.
– Сите други редовни летови се со одредено пократко или подолго доцнење, информираат од Меѓународниот аеродром во Скопје.