Македонија 20-23 ноември

Попов: УМС домаќин на Меѓународниот Сојуз на Млади Демократи

Овој настан претставува платформа за размена на идеи, искуства и знаења, како и воспоставување нови професионални контакти меѓу млади лидери и активисти од различни земји.

Попов: УМС домаќин на Меѓународниот Сојуз на Млади Демократи

Со гордост објавувам дека како #УМС сме домаќини на најголемата младинска десничарска организација во светот IYDU, објави претседателот на УМС, Сергеј Попов.

Овој настан, организиран од страна на Унија на Млади Сили заедно со Меѓународниот Сојуз на Млади Демократи (IYDU), претставува платформа каде што младите лидери од цел свет ќе се сретнат и ќе дебатираат за тековните глобални теми, демократијата, развојот и иднината на младите во цел свет.

Овој настан претставува платформа за размена на идеи, искуства и знаења, како и воспоставување нови професионални контакти меѓу млади лидери и активисти од различни земји, а ќе се одржи од 20-23 ноември во Скопје.

На настанот, прв од свој вид кај нас ќе се врежиме со наши колеги од целиот свет, ќе чуеме различни перспективи во однос на моменталните светски предизвици и секако гордо ќе ги претсавиме убавините на нашата земја пред млади луѓе од цел свет.

Најнови вести од Македонија

To top