Македонија УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Попов: Меѓународниот ден на младите оваа година го одбележуваме исполнети со надеж и мотивација за работа кон подобра иднина

Попов порача: „Нашата цел е јасна – да изградиме држава во која младите остануваат, а не заминуваат, во која талентот, идеите и трудот се наградуваат, а секој млад човек ќе ја гледа иднината овде во Република Македонија“.

Попов: Меѓународниот ден на младите оваа година го одбележуваме исполнети со надеж и мотивација за работа кон подобра иднина

Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, испрати честитка по повод Меѓународниот ден на младите. Вели дека оваа година денот младите го одбележуваат исполнети со надеж и мотивација за работа кон подобра иднина.

-Во изминатата година покажавме дека младите можат и знаат да бидат клучни во креирањето политики, носители на нови идеи и предводници на развојот. Како нова генерација во политиката, решивме да преземеме одговорност и самите да направиме институциите да работат во корист на секој еден млад човек. Преку активен ангажман во Собранието, Владата, Министерствата и Општините, го ставивме младинското прашање во центарот и реализиравме конкретни мерки: поддршка за младинското претприемништво, грантови за бизниси, помош за млади брачни парови и семејства, зголемени стипендии, ваучери за електронски уреди, нови работни места, инвестиции во спорт и здрав живот и многу други работи. Ова е само почеток, а владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе испорачува непречено и во континуитет, за она кое нам ни е најважно – иднината на младите, на Македонија и македонскиот народ, вели Попов.

„Како најголема политичка младина во Македонија, секогаш ќе служиме како обединувачка сила, мост за надминување на несогласувањата помеѓу младите, како платформа за реализација на сите ваши идеи и визии за подобро македонско општество. Ќе продолжиме да ја слушаме секоја ваша мисла, да ја претвориме во акција и да работиме за тоа младите да имаат еднаква шанса за успех“, истакна тој.

To top