Македонија мајката се сомнева дека е киндапирана

Поминаа повеќе од 24 часа, ни трага ни глас од 14-годишната Вања

Поминаа повеќе од 24 часа од исчезнувањето на 14-годдишната Вања, а се уште нема ни трага ни глас од девојчето.

Поминаа повеќе од 24 часа, ни трага ни глас од 14-годишната Вања

Вчера мајката на исчезнатото девојче преку социјалната мрежа не Фејсбук повика за помош за пронаоѓање, а исто така случајот го пријавила во полиција, но засега нема никаква трага ни глас од нејзе.

-Утрово во 7.20 мојата ќерка Вања Ѓорчевска излезе за на училиште и и се губи секаква трага. Облечена е во црни панталони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели најк патики со кафеава лента на ѓонот. Последен пат е видена во дебар маало на пат кон Песталоци. Доколку имате било каква информација јавете се на 075 400 816, објави утрово мајката на Вања.

Мајката видно вознемирена за Курир накратко рече дека Вања било мирно дете, утрово разговарале, била весела и расположена, и дека после првиот час ќе се слушнеле телефонски.

Поминаа повеќе од 24 часа, полицијата, членови на семејството и граѓани кои доброволно се јавија, трагаат по исчезнатото 14-годишно девојче од Скопје. Утрово тргнало за на училиште, но и се губи секаква трага.

Мајката се сомнева дека е насила одведена, односно киднапирана, бидејќи Вања е одговорна личност и примерна ученичка.

Огромен број на граѓани на социјалните мрежи го споделуваат вознемирувачкиот апел за помош од мајката на Вања. Дел од нив, со часови го бараат девојчето низ скопските улици. На терен, по пријавата, излезена е и полицијата.

Како што дознава КУРИР, во текот на денов, се разгледани снимки од безбедносните камери од згради и објекти во близина на училиштето во Центар, кон кое Вања денес се упатила, но не се појавила. Ученичката тргнала пешки бидејќи од нејзиниот дом до училиштето има само неколку минути одење. На тој кус пат, се губи нејзината трага.

To top