Со длабока почит, положивме свежо цвеќе на споменикот на нашиот херој – Бобан Трпков, кој беше припадник на специјалната единица „Лавови“. Тој го даде најсветлото за слободата и иднината на Македонија, вели Бети Стаменкоска Трајкоска, пратеник и кандидат за градоначалник на Кисела Вода од ВМРО-ДПМНЕ.
-Денес, дваесет и четири години подоцна, неговата храброст и пожртвуваност се уште гори како светол пламен во нашите срца. Таквите луѓе ни покажуваат што значи вистинска љубов кон татковината – љубов што се мери со дела, со храброст и со највисока цена. На положувањето присуствуваше и директорот на БЈБ Александар Јанев, со кого потоа остваривме конструктивна средба и разговаравме за актуелните политики и почитта кон припадниците на безбедносните служби кои го дале животот за татковината, вели таа.
Посочи дека наша должност е да ја чуваме неговата жртва жива, да ја преточиме во заедништво, почит и одговорност кон иднината.
-Нека му е вечна славата и споменот, порача Стаменкоска Трајкоска.