Македонија Во 12 налети

Полициските хеликоптери исфрлија над 65 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“

Се локализираа жариштата од едниот реактивиран крак на пожарот и спречено е ширење на огнот кон селото Брезница, селото Тажево и националниот парк Јасен.

Полициските хеликоптери исфрлија над 65 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“

Денеска (25.07.2024), Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.

Во 12 налети исфрлени се над 65 тони вода со што се локализирани жариштата од едниот реактивиран крак на пожарот и спречено е ширење на огнот кон селото Брезница, селото Тажево и националниот парк Јасен.

To top