Денеска (01.08.2024) два хеликоптера на Одделот за воздухопловни единици на МВР исфрлија преку 140 тони вода врз пожарите во Старо Нагоричане и светиниколско.
Хеликоптерот Ми-171 дејствуваше во реонот на Св.Николе-Пробиштип-Кратово и во 40 налети исфрли над 100 тони вода, со што е отстранета опасноста пожарот да се прошири.
Хеликоптерот Бел-412 заедно со хеликоптер од Р. Србија дејствуваше во реонот на Старо Нагоричане и заедно со силите на терен го стопира кракот што се закануваше да се прошири кон нов непристапен терен. Хеликоптерот при дејствувањето во 27 налети исфрли 40 тони вода.