Македонија во гевгелија

„Полициска ВАР проверка“: Претреси поради сомнеж за местење натпревар – Вмешани тренери, фудбалери, клубови?

Јавното обвинителство, на барање на МВР издало наредби за претреси, а сомнежот е против седум лица.

„Полициска ВАР проверка“: Претреси поради сомнеж за местење натпревар – Вмешани тренери, фудбалери, клубови?

Денеска полицијата врши претреси на повеќе локации низ Гевгелија, неофицијално дознава Курир.

Според информациите претресите се вршат поради сомнеж за местење фудбалски натпревар од Втората лига помеѓу Кожув и Башкими.

Нашите извори велат дека во истрагата се прибрани материјални докази за инволвираност на повеќе лица – меѓу кои фудбалери, тренер и раководни структури на двата клуба.

Јавното обвинителство, на барање на МВР издало наредби за претреси, а сомнежот е против седум лица.

Ова е прв случај од ваков тип што се расчистува, не само во Македонија, туку и во регионот.

МВР преку Бирото за јавна безбедност испраќа јасна порака – криминалот нема засолниште, без разлика дали е на улица, во институција или на спортски терен.

To top