На 03.07.2025 во 12.14 часот полициски службеници од ОВР Македонски Брод на ул. „Маршал Тито“ во Македонски Брод го лишиле од слобода З.С. (56) од с.Горни Манастирец, Македонски Брод.
-При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „фиат” со регистарски ознаки од Македонки Брод, кое З.С. го управувал и по преземени мерки било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно биле измерени 2.66 промили алкохол во крвта, информира МВР.
З.С. е приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичен законик- “безобѕирно управување со моторно возило”.