Денеска во Фондот за здравствено осигурување на Македонија остваривме средба за подобра грижа за пациентите со цистична фиброза, со делегација на Вертекс, предводена од Адриан Василиу, комерцијален директор за Централна и Источна Европа, и со учество на Игор Николов, советник на премиерот за реформи во здравството, објави на социјалната мрежа на Фесјбук директорот на Фондот Сашо Клековски.
Вертекс е единствениот производител на иновативна терапија за цистична фиброза во светот. Вертекс го истакна значењето на раната детекција, каде Македонија (МАНУ) има резултати на европско ниво, и потребата од колку е можно порано вклучување на болните. Фондот ја искажа благодарноста на напорите на Вертекс, како општо за иновативната терапија, така и специфично за поддршката на Македонија, која започнува во 2022 година. Исто така е истакната спремноста за подобрување на грижата со вклучување на повеќе пациенти што е можно порано. Со договор за брза следна средба за понатамишните чекори. Дополнително следната недела ќе заврши процедурата да уште еден лек – микрозим, од групата на панкреасни ензими, биде вклучен на позитивната листа на лекови, пишува Клековски во својата објава.
.