Македонија пуштени приведените градежни работници

Почна увидот по пожарот во Универзална сала, вештак ќе каже дали се работи за несреќен случај или човечки фактор

Од Обвинителството информираат дека локацијата ќе биде детално прегледана за да се обезбедат сите докази неопходни за утврдување на причините за настанување на пожарот.

Почна увидот по пожарот во Универзална сала, вештак ќе каже дали се работи за несреќен случај или човечки фактор

Откако локацијата e обезбедена и се создадени неопходни услови, увидни екипи со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска го започнаа увидот на објектот на Универзалната сала каде вчера изби пожар.

Од Обвинителството информираат дека локацијата ќе биде детално прегледана за да се обезбедат сите докази неопходни за утврдување на причините за настанување на пожарот.

-Стручно вешто лице ќе се произнесе дали пожарот е евентуално предизвикан од човечки фактор или се работи за несреќен случај. Во текот на вчерашниот ден, во рамките на своите надлежности, Државниот инспекторат за труд изврши контрола на работењето на фирмите ангажирани за реконструкција на објектот и изготви записник. Бидејќи се уште трае фазата на прибирање докази, односно до овој момент не е утврдено дека пожарот настанал како последица на човечки фактор, вчера во полициска станица беа земени изјави од три задржани лица, по што тие беа пуштени со оглед на тоа што во оваа фаза нема основ за нивно натамошно задржување, се вели во соопштението на Обвинителството.

Пожарот во Универзална сала избувна вчера пред 10 часот. На терен интервенираа 9 противпожарни возила со 24 пожарникари.

Најнови вести од Македонија

To top