Македонија Собранието ја продолжи 143. седница

Почна собраниската седница за избор на двајца нови министри во техничката Влада

За нов министер за здравство е предложен актуелниот директор на Клиничката болница во Тетово, Илир Демири, а за министер за информатичко општество и администрација – Наим Бајрами.

Почна собраниската седница за избор на двајца нови министри во техничката Влада

Собранието ја продолжи 143. седница со расправа за изборот на нови министри за здравство и за информатичко општество и администрација откако во петокот беа разрешени Фатмир Меџити и Азир Алиу од Алијанса за Албанците. За нов министер за здравство е предложен актуелниот директор на Клиничката болница во Тетово, Илир Демири, а за министер за информатичко општество и администрација – Наим Бајрами.

Предлозите кратко пред пратениците ги образложи техничкиот премиер Талат Џафери кој посочи дека од она што на пратениците им е пратено за нивните биографии, нема што да додаде затоа што, рече, за нив говорат нивните дела.

-Особено за предлогот за здравство, Илир Демири, нема потреба од претставување зашто секој од нас, барем ние од Полог, имал прилика, лично или член на негово семејство, да помине во Клиниката и да видиме како ја води Клиничката болница во Тетово, рече Џафери.

За Наим Бајрами, пак,посочи дека е магистер по информатичка технологија и, како што рече, ова е прилика да се покаже и докаже во струката.

Собранието минатата недела со 62 гласа „за“ и ниту еден глас „против“ ги разреши министрите од Алијанса за Албанците Фатмир Меџити и Азир Алиу. На гласањето не присуствуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Меџити и Алиу беа разрешени по предлог на техничкиот премиер Талат Џафери кој од собраниската говорница, образложувајќи го предлогот за разрешување, рече дека според законот, не може да има два опозициски субјекта во состав на Владата и дека тоа е основната причина зошто е предложено разрешувањето на двајцата министри.

Најнови вести од Македонија

To top