Осуммесечно бебе починало за време на транспорт со брза помош од прилепската болница за Скопје. Тоа вчера попладнето било донесено во прилепската болница во многу тешка состојба од страна на неговата мајка.
Педијатарот веднаш одлучил да го испрати во Скопје зашто станувало збор за бебе кое на 8 месечна возраст тежело само 3 килограми. Тоа не го издржало транспортот и починало на пат за Скопје.
Бебето немало извод од родените и затоа случајот е пријавен во полиција. Ќе биде извршена обдукција.