Македонија солидарност

Почесниот конзул на Србија ќе ги покрие трошоците за престој на семејствата на повредените хоспитализирани во Ниш и Белград

Почесниот конзул на Србија ќе ги покрие трошоците за престој на семејствата на повредените хоспитализирани во Ниш и Белград

Како почесен конзул на Република Србија во Република Македонија, одлучив да ги покријам трошоците за престој на семејствата чии најблиски, повредени во несреќата во Кочани, се хоспитализирани во болниците во Ниш и Белград, во Република Србија, соопшти Владимир Стајиќ преку „Фејсбук“.

-Посакувам брзо закрепнување и многу сила за сите кои поминуваат низ оваа голгота. Во овие тешки моменти, најважно е да покажеме солидарност. На сите на кои им е потребна помош, ја споделувам електронската пошта на Почесниот конзулат: office.rs@hc-ku.com

Најнови вести од Македонија

To top