Македонија ДОКУМЕНТИ

Се бара одземање на имунитетот на пратеник од Левица по сообраќајката во која почина малолетник, а девојче беше повредено

-Со целосна почит кон институциите, но и со сериозна загриженост за можноста од влијание врз судскиот процес, од причина што уште не е покренато обвинение за овој трагичен настан, Ве известувам дека постојат индиции и сомневања дека пратеникот може да ја злоупотреби својата функција и да се повика на пратеничкиот имунитет, со што би избегнал евентуални мерки за обезбедување присуство или други мерки што би ги определиле надлежните органи, се наведува во барањето за одземање на имунитет.

Се бара одземање на имунитетот на пратеник од Левица по сообраќајката во која почина малолетник, а девојче беше повредено

Се бара одземање на имунитетот на пратеникот Сашко Јанчев од Левица по сообраќајната несреќа во која тој учествуваше, а во која еден малолетник почина, а девојче беше повредено.

Официјалното барање до кое дојде КУРИР е потпишано од загрижени родители.

Пратеникот по несреќата беше лишен од слобода поради постоење на основи за сомнение за сторени кривични дела „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ и „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Возачот на мопедот почина од здобиените повреди, а малолетничката се здоби со тешки телесни повреди – скршеници на рамо и вилица, како и повреди на врат.

Тодоровска Богица, мајка на повреденото девојче, бара да се одземе имунитетот на пратеникот на Левица поради, како што навдува, сомнение дека тој може да ја злоупотреби функцијата.

-Со целосна почит кон институциите, но и со сериозна загриженост за можноста од влијание врз судскиот процес, од причина што уште не е покренато обвинение за овој трагичен настан, Ве известувам дека постојат индиции и сомневања дека пратеникот може да ја злоупотреби својата функција и да се повика на пратеничкиот имунитет, со што би избегнал евентуални мерки за обезбедување присуство или други мерки што би ги определиле надлежните органи, се наведува во барањето за одземање на имунитет.

Загрижените родители на повреденото девојче потенцираат дека по трагичната несреќа, пратеникот не им упатил ни извинување додека тие се соочувале со болка, неизвесност и страв за животот на своето дете.

Целосното барање, прочитајте го во продолжение:

 

Најнови вести од Македонија

To top