Аудио снимки се појавија на социјалните мрежи од кои се сугерира дека актуелниот градоначалник на Кичево Фатмир Дехари е во врска со вработена во општината, веројатно од неговиот кабинет.
Од фејсбук-профилот на Ел Чека се наведува дека станува збор за гласот на Дехари кој ја повикува вработената да дојде до него, да му седне во скутот, а се слуша нешто како бакнеж. Според разговорот, експлицитни се сексуалните алузии во разговорот меѓу Дехари и неговата вработена.
По ваквите аудио снимки, албанските новинари во Македонија бараат оставка од Дехари кој е во трка за нов мандат.

