Лажни обвинувања за раст на функционерските плати од синдикалецот Слободан Трендафилов.
Усогласувањето на платата на Стојанче Ангелов предизвика низа реакции, но и невистини.
-Секој заслужува зголемување на платата, но работниците заслужуваат повеќе од функционерите, а ако нема за зголемување на платите на работниците, како има за зголемување на платите на функционерите ?, вели Трендафилов.
За волја на вистината, платите на функционерите не се зголемуваат, а во случајот со Ангелов има усогласување на платата како директор на Дирекцијата за заштита и спасување, со таа на позицијата прв човек во Центарот за управување со кризи.
За потсетување, минатата и оваа година владата двапати ги замрзна платите на функционерите.
Со слични обвинувања излегоа и од Левица.